Утврдени 164 новозаболени лица во последново деноноќие

0
75

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во последниве 24 часа изнесува 164 лица. Резултатот е добиен по изработени 1045 тестови.

Распоредено по градови:

Скопје – 85
Куманово – 24
Дебар – 3
Штип – 5
Прилеп – 3
Тетово – 18
Струга – 5
Битола – 9
Гостивар – 2
Гевгелија – 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1
Македонски Брод – 1
Берово – 1
Свети Николе – 2
Ресен – 2
Неготино – 1

Починале двајца пациенти, еден од Скопје и еден од Тетово, а излекувани се 12 лица.

Со ова, вкупниот број позитивни тестови од почетокот на пандемијата во земјава достигна 3.701, починале 171, а оздравеле 1694 пациенти.

Инаку, до овој момент активни се 1836 случаи.