Факултетите започнаа со испити со физичко присуство под посебен протокол, а студентските домови се уште се затворени

0
76

На дел од факултетите вчера започна полагањето со физичко присуство, но под посебен протокол. Првите два дена поминале без поплаки до Универзитетското студентско собрание. Сепак, проблем имаат студентите коишто не се од Скопје, а студираат на факултетите во главниот град. Голем дел од нив се откажале од полагање во јуни затоа што студентските домови се затворени, иако може да им пропадне целата сесија.

Студентите почнаа да полагаат испити по нови правила и протоколи во вонредна состојба. Факултетите неколку месеци организираа онлајн предавања, а сега испити одржуваат на дистанца, со маска и дезинфекција – но, само онаму каде што нема услови за онлајн полагање.

Полагањата на класичен начин со физичко присуство сепак создаваат проблеми во време на корона. Студентите од другите градови коишто студираат во Скопје се плашат да не им пропадне оваа сесија затоа што студентските домови се затворени. Голем дел од нив се принудени да се откажат од полагање во јуни.

Од Универзитетското студентско собрание на следната Ректорска управа ќе предложат продолжување на сите редовни рокови кои важат во студирањето. Станува збор за уписите на семестар, полагањето предмети и презапишувањето, за студентите кои од објективни причини не можат да стигнат навремено да ги завршат сите обврски.

Извор Телма