Филипче: Нема опасност од дополнителен пораст на нови заболени ако сега се отворат границите

0
79

Нема опасност од дополнителен пораст на нови заболени од КОВИД-19 ако сега се отворат границите, тврди првиот човек на здравство Филипче.

Според него, контролните камери на аеродромите и епидемиолошките анкети се ефикасен механизам да се контролираат патниците кои влегуваат на македонско тло.

Токму за границите Министерството за здравство ги демантираше написите на дел од медиумите дека Комисијата за заразни болести не го предложила 26 јуни како датум за нивно отворање. Со истиот став се произнесе и премиерот Спасовски кој тврди дека нема политичка заднина во ваквата одлука и дека секоја одлука на Владата се темели на препораките на комисијата.

За докторите отворањето на границите бил неизбежен потег иако, според нив, и натаму ќе има ризик од ширење на заразата.

Иако границите од македонска страна ќе бидат отворени, сепак ЕУ се пишмани од први јули да ги прима македонските туристи. Според Радио Слободна Европа, во прелиминарните листи за прием на патници од други земји ги нема Македонија, Албанија и Косово како земји од Балканот поради порастот на нови случаи од корона вирусот.