Филипче – Не може да доставиме решенија за самоизолација на 450 луѓе

0
76

Денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, а станува збор за 450 такви решенија, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека за овој проблем дискутирале денеска со Комисијата за заразни болести.

„Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и непочитуваат самоизолација може болеста да ја шират“, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.

Здравствените власти во последните недели велат дека проблем е што луѓето кои биле во допир со заразен не даваат контакти, се кријат и не сакаат да примат решенија за изолација