Филипче: Не се пополнети болничките капацитети, а засега нема потреба од нови рестриктивни мерки

0
121

Не запира и трендот на ширење на заразата… Денеска се регистрирани 175 нови случаи, а и понатаму предничи Скопје со 131 новодијагностициран.

Денеска првпат по 42 дена, бројот на активни е поголем од бројот на оздравени пациенти од Ковид. Од скопските општини на врвот на табелата е Чаир со 209 активни случаи, во Бутел има 76, Аеродром и Гази Баба – 75, веднаш пред Центар со 73 и еден случај помалку во Карпош.

Според Филипче, додека жариштата во Штип и Тетово стивнуваат, сликата е далеку поразлична во Чаир.

Дури пет пациенти на возраст од 59-72 години починале во последните 24 часа. Тројца се од Скопје, еден од Тетово и еден од Прилеп. Според Институтот за јавно здравје најголемиот дел, над 75% од вкупно починатите досега, имале и други заболувања, повеќето биле со кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробни болести.

За неполни 10 дена, од 3-ти јуни па навака, во земјава се регистрирани нови 1148 случаи, а министерот Венко Филипче континуирано смирува, вели дека од вкупно активните, хоспитализирани се 200, не се пополнети болничките капацитети, а засега не се потребни ниту дополнителни рестриктивни мерки.