Филипче: Сите сме заедно во оваа битка и секој од нас е важен

0
91

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравсто Доц. д-р. Венко Филипче упати порака до граѓаните дека мерките за лична зашита, носењето маска, одржувањето дистанца, хигиена и дезинфекција на рацете се единствените мерки за заштита од коронавирусот.

„Јас многу пати до сега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и, во моментов, единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и секако здравствените работници и здравствениот систем во целост.“ – изјави Филипче.

Министерот информираше дека нашиот здравствен систем, во овој момент, е целосно прилагоден кон новата состојба.

„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме и оваа состојба. “ – рече Филипче и нагласи дека сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот, бидејќи сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен.