Фото: Превртено рено клио во Автокоманда

0
70

 

Сообраќајна несреќа во близина на последната станица на автобусот 2 во населбата Автокоманда во Скопје.

На булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје во населбата Автокоманда се превртел автомобил Рено Клио со битолски регистарски таблички.

Причините за несреќата се засега се непознати.

Покрај автомобилот има само еден човек кој најверојатно чека помош за автомобилот повторно да го врати на тркала.

Според првичните информации совозачот на реното бил повреден и  е пренесен на скопските клиники информираат од МВР . Случајот во полиција бил пријавен во 9 и 20 часот.  Како дошло до несреќата допрва ќе се утврдува, во тек е увид на местото на настанот.