Хотелите од понеделник почнуваат со работа, хотелиерите бараат измени на протоколите

0
82

Охридските хотелиери во понеделник ги отвораат вратите за посетителите. Деновиве се прават подготовките, се дезинфицираат објектите согласно протоколите за целосна заштита од заразата. Туристичките работници велат дека мерките се поразлични од стандардните на кои се навикнати туристите, но се подготвени да ги пречекаат првите гости во сместувачките капацитети во време на коронавирус.

Оваа година главниот фокус ќе биде ставен на домашниот пазар, но со оглед на тоа дека се уште холандските и полските тур оператори ги немаат откажано своите аранжмани на почетокот на август може да се очекуваат и странските туристи.

Хотелите стартуваат со работа од идната недела но протоколи за плажите долж езерото се уште нема. И додека се чекаат препораките од Комисијата за заразни болести неизвесна останува состојбата со капалиштата кои се со истечени концесии и за кои е покрената акција за враќање во првобитна состојба.