Хоџа од Беса: ДУИ не исполни ни три од ветените проекти, време е да оди во опозиција

0
85

ДУИ, после 18 години, се врати на темите што ги нарече затворени, додека ВМРО-ДПМНЕ им кажува на Албанците дека Северна Македонија во нивно владеење ќе биде само моноетничка држава.  Сега треба да процениме како е можно овие двајца (поранешни) партнери да бидат толку добро координирани само за да добијат политички поени, вели Арјанит Хоџа од Беса, која е дел од предизборната коалиција „Можеме“ што ја предводи СДСМ.

Тој на својот Фејсбук профил ги потсетува ДУИ дека во војата програма од 3 000 страници сепак не даваат одговор за три проекти што ги ветуваат сите овие години и сè уште не се реализирани:

– патот Скопје-Блаце,

– патотот Тетово – Јажинце и

– Ппатот на Арбер – Кичево – Дебар – Блато

„Има илјадници проекти кои ДУИ не ги реализираше, но јас ги броев само овие 3️, бидејќи гласањето за бројот 3️ ќе ги испрати ДУИ во опозицијата. Гласањето за Коалицијата МОЖЕМЕ е глас кој спречува враќање на режимот, моноетничката држава, изградба на споменици, стиропорните фасади и празната реторика што не носи ништо добро за државата и животот на нејзините граѓани“,

напиша Хоџа на Фејсбук.