ХРВ: Обвинението против Тачи и другите е чекор кон правдата

0
120

Обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи и другите поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово објавено на 24 јуни е унапредување на правдата против воените злосторства и злосторства против човештвото за време и по војната во 1998-1999 година на Косово, објави денеска меѓународната организација „Хуман Рајтс Вотч“ (ХРВ).

„Ова обвинение е позитивен чекор кон правдата, затоа што овие наводни злосторства против Косово висат две децении“, изјави Лоте Лајхт, директорка на ХРВ за Европската унија.

Таа додаде дека по години на барање правда, жртвите на сите етнички групи конечно ќе можат да бидат сослушани на суд.

Во соопштението на ХРВ се вели дека клучен предизвик останува заштитата на сведоците, кои иницираа многу судења за воени злосторства на поранешни припадници на ОВК, како во Косово, така и во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Потребата да се обезбедат сведоци и докази беше главната причина зошто истрагите за овие случаи и специјалниот суд се засновани во странство, прво во Брисел и потоа во Хаг, се додава во извештајот. Во соопштението меѓу другото се објаснува дека судот што ќе ги сослуша овие случаи, Специјализираниот совет на Косово, ќе постапи според косовскиот закон, но со меѓународните судии и обвинители. ХРВ, исто така, потсети дека судскиот совет мора да го потврди обвинението пред да започне судењето.

Во соопштението се забележува и дека обвинителот го објавил обвинението три дена пред Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ да се состанат во Вашингтон и да разговараат за односите меѓу Косово и Србија.