Царовска: Исцрпени се потребите за продолжување на вонредната состојба

0
116

Вицепремиерката Мила Царовска смета дека се исцрпени сите потреби за продолжување на вонредната состојба. На прашање околу тоа дали владата планира продолжување на вонредната состојба Царовска во интервјуто за Тв 24 изјави:

“Како и досега така и во наредниот период Владата ги разгледува сите оние анализи кои што се потребни и ќе ги донесеме одлуките во наредните неколку денови пред истекување на оваа вонредна состојба но по оние согледувања кои сега ги имаме исцпрени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, економските мерки се донесени и на денешната владина седница се донесоа неколку Уредби кои што беа од третиот пакет на мерки и со тоа основните причини зошто беше потребна таква оперативност на Владата и прогласување на вонредна состојба се да речеме исцрпени.“ изјави Мила Царовска.

Вонредната состојба беше продолжена за 14 дена на 30 мај.