Црна Гора: 15 нови случаи на коронавирус, вкупно 115 активни случаи

0
129

Денес во Црна Гора се регистрирани 15 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје, а сега има вкупно 115 активни.

Наведено е дека епидемиолошките испитувања на овие случаи се во тек.

„Од утринскиот пресек лабораториите на Институтот ја завршија анализата на 304 примероци, од кои 15 беа позитивни за новиот коронавирус. Епидемиолошкото истражување е во тек. Ова се случаи од: Подгорица (5), Беране (4), Будва (3), Херцег Нови (2) и Тузи (1)“, објавено е на Твитер-сметката на Институтот.

Во моментов најзаразени се во Рожаје 41, Подгорица 24, Бјело Поље 10, Будва 12.