Чулев: Кривична пријава против раководството на „Еурокомпозит“ за злоупотреба на службената положба

0
84

„Денес остварив работна средба на Одделението за внатрешни работи од Прилеп. Во рамки на работниот состанок ракодството на ОВР Прилеп ме информираше за кривична пријава која полициските службеници ја поднеле до Основното јавно обвинителство.

Кривичната пријава e поднесена против раководството на Еурокомпозит од Прилеп, претпријатие кое е во државна сопственост и истата се однесува кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од страна на директорот Златко Гроароски и неговиот стручен соработник Васил Коцев.

Имено, тие со намера да извлечат пари од сметката на фирмата без консултација со службите во правното лице и одборот на директорот пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната.

Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентира во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала прек приватните е-маил адреса на одговорните лица во претпријатието. “, изјави Чулев.