Чулев обвинет за закани врз полицискиот синдикат, министерот се брани „тврдењата политизирани“

0
132

Министерот за внатрешни Наке Чулев врши притисок врз Сојузот на синдикати и формирал паралелни полициски синдикати во министерството, во обид да го замолчи постоечкиот синдикат, обвинија од ССМ. Порачаа Чулев да ги тргне рацете од синдикатот. Од Македонскиот полициски синдикат исто така посочија дека министерот уште во март месец им се заканил да престанат со барањата, во спротивно ќе биде формиран нов синдикат. Овие закани, според синдикатот, Чулев ги исполнил.

Министерот Чулев, со реакција на Фејсбук, дека тврдењата на синдикатот се паушални и политизирани. Чулев напиша дека партиски координирано раководство на еден синдикат не може да ги штити правата на работниците, а тоа го потврдува и денешната прес конференција одржана по партиска директива, пишува министерот. Во Фејсбук статусот, Чулев наведува дека од првиот ден кога бил поставен за прв човек на министерството покажал дека правата на работниците за него се важни, а со прелогот за доделување парична награда уште еднаш го потврдил тоа. Вели дека како министер ќе остане отворен за дијалог.

Извор Телма