Шекеринска: Изборот е јасен, НАТО и ЕУ или Хунзи и Белизе

0
78

Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите, рече Шекеринска во Кичево. Таа е носител на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица.

„Од еднава страна имате решенија дури и на најтешките проблеми, а од другава страна имате само кавги непријателства. На овие луѓе и на овој народ им е смачено од кавги и непријателства.

Овдека сме сите седнати и се разбираме кога имаме различни ставови, и наоѓаме решение за тоа што се почитуваме. Ова држава стана независна и успеа да помине многу премрежија,само што наоѓавме начин како да се разбереме и како да тргнеме напред. Ние на 15-ти јули ви ветуваме такви решенија.

Ги почнуваме преговорите, меѓутоа не сакам мојата земја вечно да преговара. Со нив нашата земја вечно беше земја кандидат, утре под нивна власт, едно поглавје нема да отвориме, едно поглавје нема да затвориме и тоа е јасно како ден, бидејќи ниту сакаат Европа, ниту знаат како европски да се однесуваат.

Затоа, мислам дека на 15-ти јули можеме да бидеме храбри, оптимисти, амбициозни, едно нешто не смееме, не смееме да се коцкаме, и не смееме да ризикуваме повторно да му дадеме шанса на ој грд режим затоа што тоа ќе значи крај на ЕУ, крај на слободата, крај на решавањето на проблемите и нов почеток на тензии, притисоци и кавги.

Од кавги не се живее, од кавги куќа не се гради, од кавги куќата само се растура“ рече Шекеринска.