Шефот на германската дипломатија ги предупреди граѓаните да внимаваат каде патуваат

0
136

Министерот за надворешни работи на Германија, Хаико Маас, се согласи со колегите од земјите на ЕУ, да се воведат стандарди за мерки за заштита од ширењето на коронавирусот во текот на летната сезона.

“За време на видео конференцијата, се зборуваше за минималните стандарди за заштита од инфекцијата. Земјите-членки на ЕУ имаат свои мерки што ги споредивме и ги сметаме за соодветни и ефикасни и на кои можеме да се потпреме”, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, по видео-средбата со колегите од дванаесет земји на ЕУ.

Тој рече дека членките на ЕУ ќе разменуваат информации и во следниот период и „ќе реагираат колку што е потребно“.

Маас апелираше до сите оние кои се подготвуваат за летен одмор да го сторат тоа одговорно и внимателно.

„Ние сакаме да ги отвориме границите во Европа, но во исто време треба да поставиме граници за вирусот“, рече Маас.

Германскиот министер за надворешни работи истакна дека, и покрај предупредувањето да не патуваат во земји надвор од Европската унија, што беше продолжено до крајот на август, се водат интензивни разговори со некои земји за евентуална промена во односите со Германија.

Меѓу тие земји е и Турција, која е една од главните туристички дестинации на германските туристи.