Јавна пресметка помеѓу Филипче и Зибери – Фејсбук статус може да го „плати“ со напуштање на функцијата

0
74

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави разрешување на директорот на Центар за јавно здравје откако Арбен Зибери на Фејсбук објави дека како член на Комисијата за заразни болести и како партија ДУИ дале придонес, да се отворат границите без тестови и изолација и ги повика иселениците да дојдат дома за Албанец премиер.

Филипче на вчерашната прес-конференција демантираше дека Зибери е член на Комисијата за заразни болести, неговата изјава ја оцени како „евтина политичка кампања во предизборни цели“ и најави негово разрешување од директорската функција.

– Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Сметам дека тоа е евтина и лоша реторика во предизборна кампања. Ваква одлука не доликува на доктор, а посебно не на директор на таква институција“, рече Филипче.

По оваа изјава на министерот следеше реакција во медиумите од страна на и директор на Центар за јавно здравје.

-Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен Фејсбук профил да имам и политички ставови, изјави д-р Зибери.

Откако Филипче, објави дека ќе побара смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, Антикорупциската комисија соопшти дека не постојат правни пречки за ваквиот потег.

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.

Според здравствените власти, отворањето на границите не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,.Оценката е дека отворањето на границите со почитување на превентивните мерки (воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата) го сведува на минимум ризикот за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

Извор Локално