30.000 граѓани можни добитници на платежни картички

0
79

До крајот на наредната недела ќе се знае дали 30.000 граѓани исполнувале услови, а не добиле платежни картички за купување на домашни производи.

И министерката за финансии Ангеловска, признава дека имало грешки во списоците.А грешките ги правда со тоа што проектото бил преобемен.

До Генералниот секретаријат пристигнаа 50.000 мејлови, од кои на 15.000 е одговорено, а матичните броеви на 30.000 лица се пратени на дополнителна проверка.

„Телма“ објави дека наместо награда од 40 проценти од последната нето плата, дел од здравствените работници добиле платежни картички за купување на домашни производи со по околу 50 евра.

И Ангеловска признава дека имало грешки кај податоците за медицинските лица кои се корегирани.

Таа потврди и за проблемите и во списокот на Министерството за образование, откако јавно излезе дека пензионери се добитници на платежни картички, а на списоците нема дел од редовните средношколци и студенти.

Генералниот секретар Рашковски вчера за Телма изјави дека побарале од организиран криминал на МВР истрага за тоа кој ги вметнал лицата во списоците.

Сметаше дека грешката е намерна за да се оцрни целиот проект. Од МВР потврдија дека ќе постапуваат по налог и во координација со обвинителство. Ангеловска пак вели – ги известиле банките и проблематичните картички нема да стигнат во рацете на пензионерите, и на други лица кои не ги исполнуваат условите.

Лавина реакции пак предизвикаа и за ваучерите за домашен туризам, од граѓани со приходи под 15.000 денари, кои не се пронашле на списоците. 37.000 жалби пристигнале до Министерството за економија. Сега се разгледуваат приговорите, па од ресорот велат  и граѓаните кои ги исполнуваат условите, а не добиле – ваучерите ќе ги добијат до 15 јули.

Извор Телма