56 медицински лица од другите градови две недели ќе помагаат на Инфективната клиника и во ГОБ „8 септември“

0
66

Бројката на нови заразени го вклучија алармот, дали Ковид центрите ќе го издржат зголемениот број на хоспитализирани со корона вирус.

Лидер во број на примени пациенти е болницата ГОБ „8-ми септември“ со 113 примени пациенти, 15 од нив се на респиратор, 60 на кислородна поддршка.

Во оваа болница тројца доктори се позитивни на вирусот, 10 сестри, 4 болничари, двајца од логистика, а десет се во самоизолација до 18 јуни. Во болницата на помош ќе дојдат осум сестри од кичевската болница кои ќе останат две недели и ќе бидат сместени во хотел.

По неколку дена за прв пат денеска нема хоспитализирано пациент на Инфективната клиника каде таму денеска има 93 хоспитализирани, а од наредните денови ќе се отворат капацитетите на монтажната болница до инфективната клиника. И во оваа болница стигнаа 30 сестри од неколку града од Македонија.

Бројките на хоспитализирани пациенти растеа од ден на ден ако на 1 јуни имало хоспитализирани пациенти 40 во Инфективната клиника, а во ГОБ„8-ми септември“ 31 пациент бројката растеше од ден на ден така да на 9 јуни стигна до 73 во инфективна болница, а во 8-ми септември 50.

Веќе на 13 јуни 94 на инфективната клиника, и 73 во 8ми септември. И бројката во Битола, над 25 најмногу од Охрид и во Куманово расте над 30.

Докторите за Канал 5 велат дека голем дел од заболените доаѓаат многу доцна со тешки симптоми на болеста и мора да бидат хоспитализирани, дел од нив имале и хронични заболувања.

Извор Канал5