Вучиќ: По 12-ти пат умирам од 6 март, е па не удира гром во коприва!

0
38

Утрово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори дека се чуствува добро на прашањето за неговото здравје во живо на ТВ пренесувано во утринската програма.

– Секако дека сум добро, да не бев, јавноста ќе беше информирана за тоа како и досега – рече Вучиќ на ТВ Пинк.

На прашањето каде бил два дена, тој рече дека „гром не удира во коприви“. Како што рече, им благодари на оние што се грижат за неговото здравје, кои би сакале да се разболи.

– Се криев на терасата овде во Претседателството, каде порано не сум бил, велат дека тука има подобра сенка. Не удира гром во коприва, добро ми е, како што можете да видите. Ова е 12-ти пат да кажат дека ќе умрам, од 6 март. Дури и тогаш, велеа дека треба да умрам, особено затоа што имам други проблеми – рече Вучиќ, одговарајќи на шпекулациите дека е заразен со коронавирусот.

Вучиќ исто така рече дека „душегрижниците“ би сакале нешто да му се случи, но дека „не удира гром во коприви“, па затоа мора да ги разочара.

„Кога се појавував повеќе, им пречеше и сега им пречи кога не сум во јавност за неколку дена“, рече Вучиќ.

На прашањето каква е неговата здравствена состојба, тој рече: „Еве, видете и пренесете!“.