Коронавирусот влезе и во албанскиот Парламент

0
92

Новиот коронавирус влезе и во албанскиот законодавен дом, во кој како што е потврдено заразени се тројца пратеници.

Денеска е соопштено дека позитивни на новиот коронавирус се пратениците Ралф Ѓони, Елјо Хиска и Енвер Роши.

И покрај тројца заразени пратеници, пленарната седница закажана за денеска не е одложена, но затоа одлучено е да се скрати времетраењето на дискусиите.

Веднаш се преземени сите потребни мерки, како и дезинфекција на надворешниот и внатрешниот дел на собраниската зграда.

Во меѓувреме, поради трендот на раст на новозаразени, но и починати лица, министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу преку порака денеска побара од граѓаните, посебно од младите, да ги почитуваат мерките, бидејќи како што наведува „не се потребни големи жртви туку само малку повеќе будност во нашето секојдневие“.

– Новата реалност бара од нас да ја користиме маската таму каде што дистанцирањето е невозможно и да ги примениме правилата за хигиена насекаде и во секој момент. Бара од нас да се откажеме одреден период од собирите и прославите, кои станаа главни жаришта на ширењето на инфекцијата, напиша министерката.

Претпладне и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на Ковид-19.

Извор Сител