Српската полиција брутално претепува демонстрант, а потоа го преместуваат за да пројдат со возилата (ВИДЕО)

0
145

Во вчерашните немири во Белград, како и во останатите градови во Србија беа забележани брутални судири на полицијата со демонстрантите.

Демонстранти фрлаа камења и други предмети, а полицијата интервенираше со специјални единици, и невидена бруталност.

Видео снимено во центарот на Белград, на Теразије, покажува како српската полиција тепа човек, а потоа го оставаат на улица, за други полицајци да го преместат за да можат да поминат со своите возила.

Во протестите се повредени 19 полицајци и 17 демонстранти.