Филипче: Не се остварија очекувањата дека вирусот ќе изчезне преку летото, мора да бидеме подготвени!

0
38

Предвидувањата на светските здравствени авторитети дека корона вирусот во текот на летните месеци ќе исчезне не се остварија, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, во светската статистика секојдневно се бележат нови пикови на жртви и заболени.

„Тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвиме здравствениот систем и да ги почитуваме мерките за лична заштита“, рече Филипче.