Аларм од италијански генерал: Мафијата во обид да дојде до пари од ЕУ фондови

0
130

Италијанските истражители предупредуваат дека мафијата ќе се обиде да стигне до стотици милијарди евра од Фондот за обновување на Европската Унија (ЕУ) по пандемијата на Ковид-19. Генерал Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската анти-мафијашка агенција (ДИА), изјави дека мафијашите веќе прават планови за тие ги добијат тие пари.

Тој додаде дека тие планови вклучуваат корупција и злоупотреби на премногу бавната и неефикасна бирократија. За телевизијата РАИ, Говернале го спореди очекуваниот прилив на финансиска помош по пандемијата на Ковид-19, што имаше уништувачки ефект врз европската економија, со големото закрепнување по Втората светска војна.

„Стотици милијарди евра ќе се влеат во Европа и во Италија и во тој момент мафијата нема да застане и нема само да гледа. Мафијата ќе се нурне во тоа море на пари“, рече Говернале.