Американската влада ќе ги протера сите странски студенти доколку не продолжи наставата на универзитетите

0
91

Владата на САД денеска соопшти дека нема да дозволи странските студенти да останат во земјата во случај универзитетите во кои се запишани да одлучат во новата академска година, т.е. есенскиот семестар, да држат онлајн предавања.

Во тој случај, на новите студенти ќе им биде забрането да влезат, а оние што се веќе во САД ќе треба да ја напуштат земјата.

„Американската влада нема да им издава визи на студентите запишани наесен во програмите што ќе се одвиваат исклучиво преку интернет и граничните службеници нема да дозволат да влезат на територијата на САД“, соопштија од американската администрација за имиграција и царинска управа (ICE).

Што се однесува до странските студенти кои веќе се во Соединетите држави, тие „ќе мора да ја напуштат земјата или да преземат други чекори или, на пример, да се запишат во високообразовна институција, каде што часовите ќе се одвиваат вообичаено за да го задржат својот правен статус“, објаснуваат од ICE .

Мерката се однесува на имателите на визи Ф1 за академски студии или М1 за професионален развој.

Околу 1,2 милиони студенти, претежно од Кина, Индија и Јужна Кореја, ги добиле овие визи претходно оваа година.

Како и остатокот од земјата, универзитетите во САД, каде што 5,5 проценти се меѓународните студенти и се многу зависни од школарината од нив , ги затворија своите врати во март заради пандемијата на коронавирус и се префрлија на часови преку интернет.

Поради недостаток на вакцини, голем број универзитети, вклучувајќи го и престижниот колеџ Харвард или Смит, решија да го одржат есенскиот семестар преку интернет, па дури и за студентите кои живеат во кампусот.