Децата треба да се вратат на училиште, дури и ако идните студии откриjат дека тие го пренесуваат корона вирусот, затоа што е мала веројатноста да развијат потешки форми на болеста, изјави денеска секретарката за односи со медиуми на Белата куќа, Кејли Мекени.
Претседателот Доналд Трамп работи на повторно отворање на американските училишта што нагло се затворија оваа пролет кога короната првпат почна да се шири низ целата земја, пишува Ројтерс.