Берлин: Со автомобил се забил во група пешаци

0
123

Утрово во Берлин се повредени седум лица, кога во близина на железничка станица автомобил се забил во група пешаци.

Три лица се тешко повредени, па со возила на брзата помош и со хеликоптери се пренесени во болница.

Како што пишуваат германските медиуми, возачот на Мерцедесот претходно урнал еден семафор па со голема брзина преминал на тротоарот каде што удрил во група пешаци.

Полициските сили брзо стигнале на местото на настанот и го уапсиле возачот на Мерцедесот.