Вардар повторно пожолте, од град Скопје велат ако е истиот загадувач ќе следи ригорозна казна

0
122

Реката Вардар во населбата Долно Лисиче утрово повторно е загадена.
Водата во реката потемне и ја доби истата, железна боја како во септември 2019 година, кога Арцелор Митал соопшти дека допло до пукање на системот, по што се излеала комбинација на железо и киселина.

Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна“, вели Мирослав Богдановски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

Освен загаденоста на водата на околу мостот кој ги спојува Долно Лисиче и Јурумлери со години стои смет и ужасна смрдеа.