(Видео)Данските министри го научија Помпео како треба да се поздрави – од трет пат

0
126

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во посета на Данска за да разговара за Кина и активностите на Арктикот.

Но, во очи падна што многу функционери одбија да се поздрават со него поради пандемијата од корона вирус.

Насмеаниот Помпео прво му пријде на данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод, кој ја игнорираше неговата пружена рака и го потапка по рамото.

Потоа министерот Јенис ав Рана исто така не сакаше да се ракува, нудејќи поздрав со лакт. На крај помпео мораше така да се поздрави и со министерот на Гренланд.

„Вашинготн пост“ ова го нарече „чуден дипломатски танц“, а многу корисници на Твитер наведоа дека изгледало крајно непријатно.

Инаку, Данска има повеќе од 13.400 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 613.

Извор Независен