(ВИДЕО) Бил Гејтс: За старите лица можеби ќе бидат потребни три дози од вакцината против корона вирус

0
144

Основачот на Микрософт, Бил Гејтс во интервју за Си-Би-Ес говореше за вакцината против опасниот корона вирус.

Како што истакна тој, на почетокот ќе биде потребна само една доза, додека пак истата во иднина би се зголемила.

„Во овој момент се чини дека една од вакцините кои се прават, ќе бидат доволни за заштита во една доза. Тоа би било на почетокот. Можеби вакцините кои подоцна ќе се направат позитивно ќе не изненадат. Но, како што стојат работите, за старите лица, можеби ќе бидат потребни повеќе од две дози“, рече Гејтс.

Извор Фокус