Визирите создаваат лажно чувство на безбедност: Швајцарски лекар со нови тврдења

0
187

Визирите создаваат лажно чувство за безбедност и заштита од коронавирусот, смета швајцарскиот доктор Марина Јамницки. Зборувајќи за заштитата на вработените во рестораните, Јамницки кој е главен епидимиолог во кантоналната област Граубинден (планински дел во кој се наоѓаат и Сент Мориц и Давос) вели дека за ресторанската послуга, вработените кои не можат да одржат растојание од метар и половина маските се многу подобро решение за заштита од транспарентните пластични визири, јави Ројтерс.

„Анализа на случаите кои биле потврдени укажуваат дека пластичните визири кои биле користени во гастрономијата не понудиле доволна заштита, соопштиле официјалните лица.

Практично луѓето кои носеле визири биле и заразени.

Светската здравствена организација минатиот месец го обнови водичот за употребата на маски за лице со што сугерираше тие да се носат и на отворено, на јавни места, а дека некои искуства, не стручни студии покажале дека нудат заштита од ширење на вирусот.

Германскиот институт Роберт Кох објави дека маските за лице го забавуваат ширењето на здивот и дисперзијата на капките и на вирусот, додека визирите само ги собираат капките на површината.

Стручњаците сугерираат дека најдобра заштита би била со маска и дополнително со визир,. слично како што користат и докторите.