ВМРО-ДПМНЕ ќе проба да состави влада, но не открива со кои албански партии преговара

0
159

На денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека бараат од ДИК рачно да ги преброи гласовите.

-Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното да се пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат, рече Арсовски.

На прашањето, пак, дали веќе контактираат со албанските партии за коалицирање, Арсовски не даде конкретен одговор.

-Како што реков и во мојот прес, се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните и е партија која што освои најмногу мандати во Република Македонија, бидејќи сите знаеме дека СДСМ беше во коалиција со БЕСА која што кај нив освои 4 мандати и автоматски тоа претставува дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе мандати освоени.

Ние како што рековме, а и претседателот Мицкоски јавно кажа пред медиумите и граѓаните, ќе се обидеме да составиме влада, но не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа е еден процес кој што трае и не би сакал да нарушувам поединечност од тој процес, рече Арсовски.