Гранични полицајци пуштиле лице од странство во земјава без негативен тест за корона, добија кривични

0
128

Раководителка Полициската станица за Граничен премин Табановце на 1 јуни му наредила граничен полицаец да пушти лице да влезе во земјава од странство без негативен ПЦР тест за корона и без евиденција.

– Пријавената С.М., на 01.06.2020, како одговорен раководен работник во Полициската станица за Граничен премин Табановце, издала наредба на второпријавениот Д.С. да му дозволи влез во РСМ на Ѓ.К. од село Петралинци, општина Босилово, без притоа да го евидентира во системот за контрола на патници и возила и да изврши минимални гранични проверки. На овој начин му овозможила на Ѓ.К. да оствари влез во државата без да приложи валиден негативен ПЦР тест или во спротивно да биде упатен во задолжителен државен карантин, согласно одлуките на Владата со справување со ковид-19, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола поднесе кривични пријави против двајцата за сторени кривични дела „повреда на чување на државната граница“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.