Груби: ДУИ е победник на изборите, затоа што се боревме сами против сите

0
116

„После граѓаните, најголем победник на изборите се ДУИ, затоа што се боревме сами против сите, успеавме да освоиме повеќе од 50% од 2016 година. Но, секако ние сме имале и повеќе гласови, во 2014 година имавме 19 мандати, па стигнавме и до 20. Задоволни сме од резултатот и текот на гласањето“, изјави Артан Груби за емисијата „Само вистина“.

На прашањето кој ја смисли идејата за кампања за премиер Албанец, Груби изјави дека тоа е идеја на Али Ахмети, која ја кажал уште на 17-ти септември 2009 година, на партискиот конгрес на ДУИ.

За славењето со истрели од оружје, тој изјави дека го осудува таквото однесување и смета дека институциите треба соодветно да постапат.