ГРЦИЈА ИМА 43 НОВИ СЛУЧАИ: Од нив 36 се туристи, а 20 се од Србија

0
170

Повеќето од туристите од Србија кои сега се во Грција се позитивни на Ковид-19.

Во последните 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи.

Од 43 новозаразени, 36 се откриени на граничниот премин Промахонас, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српските туристи, а така ќе остане до 15 јули кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

Српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во Србија.

„Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата голем број наши граѓани да се најдат на патот или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција“, изјави во неделата министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

На граничниот премин од раните утрински часови чекаа стотина српски државјани, кои со часови беа заробени на границата меѓу Грција и Бугарија.