Девојката на синот на Трамп, позитивна на Ковид-19

0
146

Кимберли Гилфоил, девојката на помладиот син на претседателот на САД, ДОналд трамп е позитивна на корона вирусот.

Како што пренесе Гардијан, Доналд Трамп Џуниор е негативен на вирусот.

САД е прва земја во светот по бројт на заразени и починати од корона вирусот, а известуваат за повеќе од 50.000 нови случаи од корона вирус, веќе трет ден по ред.

Според податоците на страницата Worldometers, во САД се инфицирани 2.890.588 луѓе, а од корона вирусот починале 132.101 лица.

САД во петокот пријавија најмалку 51.842 нови случаи, покажуваат податоците на Универзитет „Џон Хопкинс“.

Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида пријавија оваа седмица рекорден број нови случаи на инфекции, Флорида во петокот пријави речиси 9.500 нови случаи на корона вирус, а Тексас 7.555.