Денеска гласање на заразените со Ковид-19 и на граѓаните во изолација

0
115

Во утринските часови општинската изборна комисија ја започна подготовката на специјалниот избирачки одбор за процесот на гласање во скопската општина Чаир. Подготовките траеја неколку часови, подолго отколку во другите комисии. Незадоволство имаше кај медицинскиот персонал кој беше дел од избирачкиот одбор поради квалитетот на заштитната опрема што им ја обезбеди Министерството за здравство. Опремата беше заменета со друга, но не е јасно кој платил за нив. Конечно, по три часа, тимот замина на адресите на луѓето во изолација, самоизолација и на оние со коронавирус кои се пријавија да гласаат. На влезот во просториите каде што живеат гласачите, тимот составен од медицински персонал и политички претставници се погрижи да се почитуваат мерките предвидени со протоколот. Освен нив и новинарите го следеа процесот со скафандери, маски и нараквици.

Откако се подготвија со целата потребна опрема за да се заштитат од коронавирусот, екипата на лекари кои го спроведоа гласањето дојдоа тука на првата адреса, на влезот на чаршијата за да го спроведат гласањето на лице заразено со коронавирус.

Втора на списокот беше обвинителката Фатиме Фетаи, којa веќе извесно време е во самоизолација поради контакт со позитивно лице.

Дури и во овие вонредни услови и во време на пандемија, ние лицата кои сме во самоизолација, но и лицата кои се заразени од вирусот Ковид-19, ни се овозможи да го оствариме нашето уставно право, правото на глас во безбедни услови за нашето здравје. Сепак, тоа треба да се поздрави“-изјави Фатиме Фетаи, обвинител, гласач.

Членовите на специјалниот избирачки одбор не беа многу пријателски расположени со медиумите кои ги придружуваа. Сепак, тие јавно изјавија дека се чувствуваат заштитени од опремата што ја имаат.

„Има вкупно 22. Ова е постапка за сите, со облека, со средства за дезинфекција, со опрема за заштита од вирусот ковид. Дали се чувствувате заштитени со овие мерки? Мислам дека да. Како медицинска сестра, имаме иста заштита на работното место“.

Извор АлсатМ