ДИК ГИ ОТФРЛИ СИТЕ ПОДНЕСЕНИ ПРИГОВОРИ ЗА ИЗБОРИТЕ

0
136

По час и половина расправа, експресно беа одбиени сите 2142 приговори поднесени од партиите до ДИК.

Како неосновани, без печат и потпис од подносителот на листата, веднаш беа отфрлени 1478 приговори поднесени од „Левица“, додека за останаите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори. За приговорите на АА и на Алтернативата исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и на Демократи, на СДУ, на Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ.