ДИК: Не е точно дека се знаат резултатите од вчерашното гласање

0
116

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, на денешната прес-конференција ги оцени како шпекулација информациите дека резултатите од вчерашното гласање на лицата позитивни на Ковид-19, се веќе познати.

„Гласчките ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда“, изјави Шабани.

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со Ковид-19 или во изолација, а денеска гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.