Досега над 25 000 прекршоци за неносење маски, 470 во последните 24 часа

0
144

о последните 24 часа полицијата регистрирала 470 прекршоци на мерката за задолжително носење маски, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Казната која е предвидена со владината уредба е 20 евра.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера објави дека досега вкупниот број на прекршоци на мерката за носење заштитна опрема на лицето изнесува 25 028, на кои сега се додаваат и бројките од последното деноноќие.