Заев за последната „бомба“: Во слободен разговор со седење во кафана знаат да се случат грешки

0
83

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, прашан дали јавно ќе се извини на Шарената револуција која ја навредува во последната објавена бомба, тој изјави дека тоа веќе јавно го сторил објавувајќи Фејсбук статус.

„Јас јавно се извини на Фејсбук и до граѓаните од Шарената револуција, имавме одлична соработка, голем дел од нив се неопределени во политичките партии. Во слободен разговор со седење во кафана знаат да се случат грешки и овој пат се корегирав и еве времето покажа дека не сум имал непријатности имавме одлична соработка и изработивме заедно многу за нашата земја“, изјави Заев.