Заев: Солидна победа, нова влада и ветување за правда

0
166

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори. Тој од изборниот штаб на партијата, пред членството се обрати на присутните и јавноста, но пред државната изборна комисија да ја даде и последната за вечерва инофмрација.

-Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над 3 пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од еден или два мандати, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ даде многу ветување, потенцирајќи дека ќе следува правда.

-Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште посилно. Ви ветувам дека тоа ќе го правиме во иднина, ќе растата платите, парите ќе се враќаат кај граѓаните…, рече Заев, кој додаде дека ќе подадат рака на секој на кој му е потребна поддршка.

-Следува правда, на тоа се обврзуваме, истакна Заев.