За 24 часа затекнати над 400 граѓани без маска

0
92

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала прекршување на мерката за носење заштита на лицето кај 461 граѓанин, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за справување со коронавирусот. Според Уредбата на Владата, казната за неносење маска е 20 евра.