Извршена трета смртна казна за една недела во САД

0
127

Оваа недела е извршена трета федерална смртна казна во САД. Дастин Ли Хонкон (52) бил егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана.

Студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа, Хонкон во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 и 10 години, за да не сведочат против него.

Тој бил прогласен за виновен и осуден на смрт во 2005 година.

Оваа недела, за првпат по 2003 година, во САД беа извршени смртни казни изречени од федерален суд. Ова следуваше откако Врховниот суд даде зелено светло за егзекуциите.

Претходно, во државата имаше неофицијален мораториум за егзекуции на федерално ниво 17 години, поради недостиг на усогласени правилла за смртоносни инекции. Минатата година, претседателот Доналд Трамп, кој како и повеќето републиканци кој е поддржувач на смртната казна, реши да ги продолжи егзекуциите.