Коалицијата Можеме победници на изборите, ВМРО ДПМНЕ води само во тројката, Алијансата за Албанците со водство пред ДУИ

0
178

Анкета на  Центарот за политички истражувања и комуникација  (CRPC.MK) во пресрет на изборите на 15 Јули

Центарот за политички истражувања и комуникација спроведе анкета во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани на 15 јули. Се работи за анкета направена врз 1381 испитаник спроведена „лице во лице“- директно во контакт со испитаници по случаен метод.

Анкетата е спроведена во сите изборни единици, во периодот од 28 јуни до 5 јули 2020 година.

По спроведената анкета и обработените податоци Центарот за политички истражувања и комуникација ги доби следните резултати.

 

Резултати од сите изборни единици

Направената анкета во сите изборни единици покажа дека за коалицијата Можеме предводена од СДСМ ќе гласаат 36,5 % од испитаниците, а за коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе гласаат 32,3 % од испитаниците.

Во Албанскиот политички блок за Алијанаса за Албанците и Алтернатива ќе гласаат 6,3 %, додека за ДУИ 5,5 % од анкетираните.

Бројките кажуваат дека коалицијата Можеме предводена од СДСМ има предност пред нивниот политички опонент коалицијата Обнова на Македонија на чело со ВМРО ДПМНЕ за 4,2 %.

Кај политичките партии на Албанците коалицијата Алијанса и Алтернатива има предност од 0,8 % од нивниот политички опонент ДУИ.

Од направената анкета врз 1381 испитаник 22,4 % одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

 

Резултати од изборната единица број 1

Во изборната единица број 1 коалицијата Можеме предводена од СДСМ води пред коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ за 10,5 %.Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ и коалицијата би гласале 38,4 % додека за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 27, 9%

Во Албанскиот политички блок Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има блага предност пред ДУИ од 0,2 %.

22,1 % од испитаниците во изборната единица 1 одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

Резултати од изборната единица број 2

Во изборната единица број 2  коалицијата Можеме предводена од СДСМ води пред коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ за 5.6 % Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 31,3 %, додека за ВМРО ДПМНЕ 25,7%.

Во Албанскиот политички блок коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има  предност пред ДУИ од 1,4 %. Односно за коалицијата Алијанса и Алтернатива би гласале 7, 9 %, додека за ДУИ 6,5 %

28,6 % од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

 Резултати од Изборна единица број 3

Во Изборната единица број 3 коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ води пред коалицијата Можеме предводена од СДСМ за 7,4%. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 33,8 %, додека за ВМРО ДПМНЕ 41,2%

Во Албанскиот политички блок за Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива би гласале 0,1 % од испитаниците. Ист број од вкупниот број анкетирани одговориле дека ќе гласаат и за политичката партија ДУИ.

24,8 % од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

Резултати од  Изборна единица број 4

Во изборната единица број 4 коалицијата Можеме предводена од СДСМ има предност пред нивните политички опоненти коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ од 0, 9 %. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 40,8 % додека за ВМРО ДПМНЕ 39,9%.

19.1 % од испитанците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

 

Резултати од Изборна единица број 5

Во изборната единица број 5  коалицијата Можеме предводена од СДСМ имаат предност пред нивните политички опоненти коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ од 1,3 %. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ и коалицијата би гласале 32,7 % додека за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 31.4%

Во Албанскиот политички блок коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има блага предност пред ДУИ за 0,2 %  Или поконкренто за ДУИ се изјасниле дека ќе гласаат 5,2 % од испитаниците, а за Алијанса и Алтернатива 5,4 %.

23,5 % од испитанците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

Резултати од Изборна единица број 6

Во изборната единица број 6 за Алијансата за Албаницте и Алтернатива анкетата покажува дека ќе гласаат 23,7 %, а за ДУИ 20,9 %. Во оваа изборна единица Алијанса и Алтернатива имаат предност пред ДУИ за 2,8 %.

Во Македонскиот политички блок коалицијата Можеме предводена од СДСМ има предност од 10,7 % од нивниот политички опоненти коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 21,4 % додека за ВМРО ДПМНЕ 10,7%

23,3% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.

Испитаниците имаат најголема доверба во Зоран Заев

Нашето истражување на база на одговорите на испитаниците земени директно на терен покажува дека гласачите најголема доверба имаат во претседателот на СДСМ Зоран Заев. За разлика од неговиот политички конкурент Христијан Мицковски кој има доверба кај 27,9 % од испитаниците во политиките на Заев веруваат 31,3  % , што е за 3,4 % поголема доверба

 

За да ја гледате комплетната анкета притиснете ТУКА

* Во презентацијата се претставени општи и вкрстени резултати, Според етничката        припадност и политичка ориентација.