Левица го затрупа ДИК со 424 приговори, се најавуваат и нови

0
133

Политичката партија Левица која оствари голем успех на парламентарните избори освојувајќи два пратенички мандати, денес до ДИК достави 424 приговори и најави дека ќе следуваат и нови.

Од Левица денес информираа дека до Државната изборна комисија доставиле дури 425 приговори, но исто така и најавија дека ќе следуваат нови до завршувањето на рокот денес попладне.

„По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати, Политичката партија Левица – преку овластеното лице во ДИК – досега поднесе 425 ПРИГОВОРИ за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија“, соопштија од Левица.

Од партијата информираа дека приговорите се однесуваат на избирачки места каде нивните набљудувачи, но и други лица кои биле сведоци на броењето на гласовите, информирале дека има манипулации од страна на ДИК, манипулации кои директно ја оштетиле Левица.

„ Дополнително, ја известуваме јавноста дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа“, соопштија од Левица.