Манчевски од самоизолација: Првиот тест негативен

0
99

„Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција“, пишува министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил.

„На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита“, додава тој.

Министерот пред една недела информираше дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот возач и на заменик-министерот Бајдевски, ќе биде во самоизолација.