Мебелот распарчен, алуминиумот од прозорците се продава за ситна пара, а крадците вршат нужда внатре- Нова кражба во домот на кралицата Есма

0
198

Мебелот распарчен, алуминиумот од прозорците се продава за ситна пара, а крадците вршат нужда внатре- Нова кражба во домот на кралицата Есма.

Да беше жива кралицата на ромската песна Есма Реџепова- Теодосиевска за дваесетина дена (на 8 август) ќе наполеше 77 години. Како во народот се вели: „Да стане, да види што се случува со нејзиниот дом на хуманоста повторно ќе посака да умре“. Топлината што таа ја даваше на домот сега, откако по петти пат е испокраден, личи на дом од хорор филмовите. Во овие четири години, откако таа не е мегу нас, неодамна повторно крадци провалиле во домот на кралицата, да ја докусурат оставштината, која и онака е разнесена.