Министерот за економија Крешник Бектеши е позитивен на корона вирус

0
124

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку објава на Фејсбук информираше дека е позитивен на корона вирус откако се тестирал вчера изутрината.

„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од корона вирус, добив информација дека сум позитивен на тестот за ковид-19 направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејство по денешното тестирање се негативни на ковид-19“ напиша синоќа министерот на својот Фејсбук профил.

Тој апелира сите да се придржуваат кон протоколите и мерките за заштита.