Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада

0
133

ВМРО ДПМНЕ изгуби со 10 илјади гласови разлика од коалицијата на СДСМ и БЕСА, но има најголем кредибилитет да формира нова Влада, смета лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

На неговата прва прес конференција по изборите, најавивнатрепартиска анализа на резултатите за да увидат зошто граѓаните се разочарани од ВМРО ДПМНЕ, но и обвини дека исходот е резулутат на предизборни злоупотреби на власта, како и на пребројувањето на гласовите додека системот на Државната изборна комисија е нефункционален. Иако пред изборите неколкупати рече дека доколку изгуби ќе си поднесе оставка, денеска Мицкоски вели бројките покажуваат оти СДСМ е во предност, само поради гласовите на БЕСА.

-ВМРО ДПМНЕ освои и повеќе гласови од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, без Беса во редовите на СДСМ, освои повеќе пратенички мандати. Победивме во 41 општина. Сето ова ни дава за право да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада.Овој резултат е постигнат во тешки околности, со силни притисоци и многубројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК денес не работи, а добиваме различни информации дека сомнително се броени и внесувани податоцитевели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ нема да соработува со СДСМ за формирање на Влада, а за евентуална коалиција со ДУИ вели дека за него е неприфатливо да падне договор покрај испорачаниот услов за премиер Албанец, дециден е Мицкоски. За принципот на коалиција победник со победник, вели дека е прекршен уште на претходните парламентарни избори.

-Преговорите допрва ќе почнат. Сум кажал во минатото ќе кажам и сега дека јас под диктат не работам, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека информации за постизборна колиција ќе има наскоро, но не откри дали откако беа објавени резултатите, има контактирано со лидерите на помалите партии.